НА ЕРИКСЕН МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ ВО ЈУНАЈТЕД Данецот во потрага по нов клуб

На Ериксен не му е понуден нов договор со Јунајтед и верува дека неговото време на „Олд Трафорд“ е при крај.

169

Кристијан Ериксен очекува да го напушти Манчестер Јунајтед кога ќе му истече договорот на лето. Данскиот играч од средниот ред му се приклучи на Јунајтед на слободен трансфер во јули 2022 година.

На Ериксен не му е понуден нов договор со Јунајтед и верува дека неговото време на „Олд Трафорд“ е при крај.






Ериксен, кој имаше периоди и во Ајакс, Тотенхем и Интер, нема да донесе никакви брзи одлуки за неговиот следен потег.

– Не сум слушнал ништо од клубот и затоа претпоставувам дека соработката ќе престане, така го толкувам тоа. Договорот ми истекува ова лето и подготвен сум да најдам нешто ново. Сè уште не сум одлучил каде ќе биде. Чекам да видам какви понуди ќе пристигнат. Нема да носам избрзани одлуки, но ако дојде вистинската работа, ќе ја прифатам, но не знам што е правилно – изјави тој.

Сепак, Данецот својата иднина ја гледа далеку од Премиер лигата.

– Намерата не е да останам во Англија. Нема да одам во САД, не одиме толку далеку. Би сакале да останеме во Европа, но рано е да се вратиме во Данска. Чувствувам дека ми остануваат неколку добри години во странство – додаде играчот.

Поврзани содржини