СДСМ БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА Партијата бара темелна и независна истрага

279

Болката од оваа трагедија е огромна. Изразуваме искрено и длабоко сочувство на семејствата и блиските и посакуваме брзо опоравување на повредените, рече Ана Чупеска, потпретседателка на СДСМ денеска на прес конфереција, која почна со едноминутно молчење.

– Министре Тошковски, нели е срамно да не поднесете одговорност и оставка вие и сите во институциите во услови кога цела година дискотеката работела без лиценца? Чија, ако не ваша, била одговорноста да го провери тоа? Чија ако не ваша и на сите инспекторати кои ги водите била одговорноста да провери цела година дали има неправилности во работењето? Како тоа полицијата била таму и не ја затворила дискотеката која очигледно работела надвор од сите пропишани стандарди? Како дискотека која никогаш порано, па дури и со старите лиценци, не смеела да работи после 1 часот работела до 3 по полноќ? – рече Чупевска.






Таа праша дали Дирекцијата за заштита и спасување ги направила потребните проверки и како се дозволило оваа дискотека да работи.

СДСМ бара темелна и независна истрага за целиот случај. Апелира до Обвинителството и сите истражни органи оваа трагедија да ја истражат до крај и граѓаните да ја добијат вистината, а одговорните да одговараат. Исто така партијата апелира да не се политизира случајот.

Поврзани содржини