ОДЛОЖЕНО Е РОЧИШТЕТО ЗА УБИСТВАТА НА ВАЊА И НА ПАНЧЕ Еден од судиите поротници имал здравствени проблеми

Расправата, како што информираат од Кривичен, треба да продолжи на 19 март, но за евентуални промени, странките во постапката и медиумите ќе бидат благовремено известени.

1,152

Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот поврзан со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, закажана за денеска 17.03.2025 година, се отповикува, со оглед на тоа што еден од судиите поротници поради здравствени причини не може да присуствува на судењето.

Расправата, како што информираат од Кривичен, треба да продолжи на 19 март, но за евентуални промени, странките во постапката и медиумите ќе бидат благовремено известени.






Судењето требаше да продолжи со сослушување на обвинетите. На минатото рочиште беше сослушуван Велибор Манев, кој рече дека Љупчо Палевски Палчо ги организарал грабнувањата и ги застрелал Вања и Панче.

Следува Палевски да го испраша Манев, па потоа е најавено сослушување на Боре Видевски, Влатко Кешишев, Александар Ѓорчевски. Последен ќе сведочи првообвинетиот Палевски.

Според обвинението, Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, се обвинети дека заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „цитроен“ за да го користат за грабнување на извесна жена.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и на 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и на Велес.

Поврзани содржини