ДЕНЕСКА ЌЕ ВРНЕ, ЌЕ ДУВА И ЌЕ ГРМИ, АМА ЌЕ БИДЕ ТОПЛО Утре невреме и порој, од вторник утрински мраз

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме.

2,747

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.






Температурите ќе бидат високи. Утринската ќе се симне најмногу до 6 степени во Берово, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со температура до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачи до 25 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме.

Во вторник ќе има опаѓање на температурата и се очекуваат локални врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури.

Поврзани содржини