НА ЖИТЕЛИТЕ НА 10 ДРЖАВИ ЦЕЛОСНО ЌЕ ИМ СЕ ЗАБРАНИ ВЛЕЗ ВО САД Администрацијата на Трамп планира визни ограничувања за 41 земја
Според нацрт-списокот, 10 земји, меѓу кои Авганистан, Иран, Сирија, Куба и Северна Кореја, би биле целосно исклучени од издавање визи, втората група од 5 земји би била подложена на делумна забрана,а третата група од 26 држави би се соочила со привремено запирање на визите.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп разгледува широки ограничувања за влез во САД на граѓаните од 41 држава, јави Њујорк тајмс.
Според нацрт-списокот, 10 земји, меѓу кои Авганистан, Иран, Сирија, Куба и Северна Кореја, би биле целосно исклучени од издавање визи. Втората група од 5 земји би била подложена на делумна забрана, што ќе ги погоди туристичките, студентските и другите имиграциски визи. Третата група од 26 држави би се соочила со привремено запирање на визите, ако нивните влади не преземат мерки за подобрување на безбедносните проверки во рок од 60 дена.
Анонимен американски официјален претставник предупредил дека конечниот список може да претрпи измени и дека мерките сè уште не се одобрени од администрацијата, вклучувајќи го и државниот секретар Марко Рубио.
На 20 јануари Трамп потпиша указ со кој се засилуваат безбедносните проверки за странските државјани што сакаат да влезат во САД. Според директивата, до 21 март треба да се подготви финален список на земји за кои ќе се воведат ограничувања.
Списокот земји за кои се однесуваат ограничувањата, според американските медиуми се следниве:
Целосна суспензија на визи: Авганистан, Куба, Иран, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Судан, Сирија, Венецуела и Јемен.
Делумна суспензија на визите: Еритреја, Хаити, Лаос, Мјанмар и Јужен Судан.
Земји под ризик од делумна суспензија: Ангола, Антигва и Барбуда, Белорусија, Бенин, Бутан, Буркина Фасо, Кабо Верде, Камбоџа, Камерун, Чад, Демократска Република Конго, Доминикана, Екваторијална Гвинеја, Гамбија, Либерија, Малави, Мавританија, Пакистан, Република Конго, Сент Китс и Невис, Света Луција, Сао Томе и Принципе, Сиера Леоне, Источен Тимор, Туркменистан и Вануату.