СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО НЕАПОЛ Луѓето ја поминаа ноќта во автомобили и на отворено

Италијанските сеизмолози соопштија дека земјотресот бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала и го погодил Неапол во 1.25 часот на мала длабочина од три километри.

248

Многу луѓе во италијанскиот град Неапол и околината ја поминаа ноќта на улиците или во автомобили откако земјотрес ги потресе зградите и предизвика штети.

Италијанските сеизмолози соопштија дека земјотресот бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала и го погодил Неапол во 1.25 часот на мала длабочина од три километри.






Напојувањето со електрична енергија беше прекинато во делови од Неапол.

Во блискиот градот Позуоли, непосредно до епицентарот на земјотресот, едно повредено лице е извлечено од урнатините на делумно урната куќа.

Неапол лежи на Флегрските полиња, вулкански басен што ја прави областа во јужна Италија подложна на земјотреси.

Поврзани содржини