ОВИЕ ДРЖАВИ СЕ НАЈДОБРИ ЗА ИЗРАСНУВАЊЕ ДЕЦА, НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА КОЈА Е НА ПРВО МЕСТО Каде се наоѓа Македонија?

Ако воспитувате деца треба да се земат предвид неколку посебни фактори. Тука се трошоците за детска грижа, просечниот број години за образование и очекуваниот број години за школување во секоја земја.

1,053

Порталот „Ремитли“ (Remitly) го објави својот нов индекс којшто оценува околу 80 различни држави, земајќи ги предвид трошоците за образованието и грижата за децата. На него, Шри Ланка се најде на првото место.

Преселувањето во странство, се наведува во анализата, не е секогаш само подобрување на квалитетот на животот, а за луѓето со семејство – преселбата во друга земја може да биде возбудлива, просперитетна или безбедна опција. Но, кои земји се најпријателски натроени за семејството?






Новиот имиграциски индекс на меѓународната компанија за трансфер на пари „Ремитли“ анализира 82 земји, врз основа на 24 различни фактори, и го прогласи Исланд за најдобра земја за преселба, во целина.

Македонските услови за живот, во таа смисла, се на 63. место.

Во посебната топ-10 листа на најсреќни нации, само Финците се оценети со резултат 100 од 100. Јужна Кореја има најдобро здравство (77 од 100), Исланд има најдобар интернет-сообраќај (50 од 50) итн.

Меѓутоа, ако воспитувате деца, исто така, треба да се земат предвид неколку посебни и специфични фактори. Тука се трошоците за детска грижа, просечниот број години за образование и очекуваниот број години за школување во секоја земја.

Така, на врвот на листата на „најпријателски за семејството“ земји, Шри Ланка која има резултат од 88 од 100, а условите се опишани како „импресивен образовен систем“ и ниски годишни трошоци за грижа за децата коишто изнесуваат само 354,60 долари.

Шри Ланка, меѓу другото, е одлично место за живеење – со изобилството историски споменици, бујно зеленило и со фантастична храна, како дел од сето тоа. Земјата е исто така рај за дивиот свет, со националните паркови „Уда Валава“ и „Кумана“ коишто можат да се пофалат со неверојатно разновиден спектар на животни, вклучувајќи слонови, диви биволи, џиновски верверички, елени, крокодили, бели кобри и со огромен број фасцинантни птици, се вели во истражувањето.

Следат 10-те земји најпогодни за семејството во 2025 година: Шри Ланка, Шведска, Норвешка, Нов Зеланд, Исланд, Германија, Финска, Данска, Австралија, Соединетите Американски Држави.

Поврзани содржини