МАКЕДОНИЈА И УНГАРИЈА ЗБОРУВАА ЗА ЗАЕДНИЧКИТЕ ИНТЕРЕСИ Одржана меѓувладина седница во Будимпешта

Седницата се одржа по билатералните средби на ресорните министри, кои послужија како основа за продлабочување и зацврстување на соработката, објави премиерот Христијан Мицкоски пред претстојната прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

75

Претставници на македонската и унгарската влада денеска имаа заедничка седница во Будимпешта. Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека биле усогласени клучни прашања од заеднички интерес за двете земји.

„Денеска се одржа заедничка седница помеѓу владите на Македонија и Унгарија, на која се разгледаа и усогласија клучни прашања од заеднички интерес. Седницата се одржа по билатералните средби на ресорните министри, кои послужија како основа за продлабочување и зацврстување на соработката“, објави премиерот.






Поврзани содржини