ПЕНДАРОВСКИ НА ГОСТИ КАЈ ВСЕЛЕНСКИОТ ПАТРИЈАРХ Еве за што разговарале
На средбата, како што соопшти Кабинетот на поранешниот претседател Пендаровски, се разговарало за состојбите во православниот свет и за улогата на Вселенската патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии.
Поранешниот претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска во Истанбул се сретнал со вселенскиот патријарх Вартоломеј.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на поранешниот претседател Пендаровски, се разговарало за состојбите во православниот свет и за улогата на Вселенската патријаршија во поттикнувањето на меѓухристијанскиот дијалог и соживотот меѓу различните народи и религии, а во тие рамки и за уникатното значење на Вселенската патријаршија како врховно институционално тело во православието.