КИНА ГО ЗАПРЕПАСТИ СВЕТОТ СО DEEPSEEK, А СЕГА СЕ ПОЈАВИ И OMNIHUMAN-1 „Бајтденс“ ја претстави својата нова алатка за вештачка интелигенција

Во истражувачки труд објавен на „arXiv“, компанијата тврди дека новата алатка може да работи со слики со кој било сооднос, без разлика дали се портрети, слики на полутело или, пак, на цело тело и дава „реалистични и висококвалитетни резултати во различни сценарија“.

6,045

Матичната компанија на Тик-Ток, „Бајтденс“ (ByteDance) неодамна претстави нова алатка за вештачка интелигенција која може да генерира реалистични видеа од луѓе кои зборуваат, свират на инструменти и прават многу повеќе, користејќи една фотографија, објави Индијан експрес.

Нoвата алатка е наречена OmniHuman-1, а „Бајтденс“ вели дека таа „значително ги надминува постоечките методи, генерирајќи екстремно реалистични човечки видеа, засновани на слаби сигнални влезови, особено аудио“.






Во истражувачки труд објавен на „arXiv“, компанијата тврди дека новата алатка може да работи со слики со кој било сооднос, без разлика дали се портрети, слики на полутело или, пак, на цело тело и дава „реалистични и висококвалитетни резултати во различни сценарија“.

Ова е чекор напред во споредба со другите модели со вештачка интелигенција, од кои многу можат само да ги променат изразите на лицето или да ги натераат луѓето да зборуваат. На веб-страницата на OmniHuman-1, хостирана на „Beehiiv“, истражувачите споделија неколку примероци од видеа кои покажуваат како функционира алатката, со примери кои покажуваат движења на рацете и на телото од повеќе агли, како и животни во движење.

Ова следува откако кинескиот старт-ап „Дип сик“ („DeepSeek“), кој претставува свој модел за вештачка интелигенција и тврди дека има предност пред американските ривали, одеднаш стана популарен и предизвика контроверзии во јавноста.

„Дип сик“ наведува дека неговите модели со вештачка интелигенција се споредливи со оние на американските гиганти, како „Чат ГПТ“ на „Опен АИ“ и „Џемини“ на Гугл, но значително поевтини.

Ова предизвика пад на разни американски акции, особено на производителот на чипови „Нвидиа“ кој забележа рекордна еднодневна загуба за која било компанија на Вол Стрит.

Поврзани содржини