Холивудската актерка Анџелина Џоли привлече огромно внимание со својата модна комбинација на нејзиното последно јавно појавување на филмскиот фестивал во Санта Барбара.
Таа важи за една однајубавите, но и најконтроверзните актерки која досега покажа дека силно е посветена на кариерата и на семејството, особено откако се разведе од Бред Пит.
Сепак, Анџелина наоѓа сериозно време и за модата што го забележува модната јавност. На филсмкиот фестивал таа, како и обично, се појави во наизглед едноставен фустан без намера да се истакне, но сепак го привлече вниманието на сите присутни со својот избор – беж фустан со шлиц од страна, а носеше и сако во истата нијанса.
Своето модно издание го заокружи со црни потпетици и со минимална шминка, но и покрај тоа беше една од најубавите и најзабележаните актерки на фестивалот. Шлицот од страна ги истакна нејзините совршени нозе, фустанот имаше и изрез на грбот кој откри дека актерката не носи градник.
View this post on Instagram