ПАК ЌЕ СЕ РАЗБУДИМЕ ВО МАГЛА Преку ден ќе биде облачно и топло

535

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.






Утринските температури ќе бидат над нулата, а максималната дневна ќе достигне до 14 степени.

Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно, а претпладне ќе има појава на магла.

Минималната температура ќе биде 3, а максималната 13 степени.

Поврзани содржини