📷 АНА КУРНИКОВА ПО ДВЕ ГОДИНИ ВИДЕНА ВО ЈАВНОСТ Тенисерката фотографирана во количка

Поранешната руска тенисерка Ана Курникова за првпат по две години беше фотографирана во јавност, а тоа ги загрижи обожавателите бидејќи беше забележана во инвалидска количка.

1,989

Поранешната руска тенисерка Ана Курникова за првпат по две години беше фотографирана во јавност, а тоа ги загрижи обожавателите бидејќи беше забележана во инвалидска количка.

Курникова ретко се појавува во јавноста бидејќи се посвети на мајчинството и семејниот живот, но овој пат 43-годишната тенисерка, која се повлече од тенисот во 2003 година, беше забележана во инвалидска количка во саботата во Бал Харбор, луксузен трговски центар во Мајами.






Курникова носеше ортопедска чизма на стапалото, што укажува дека неодамна се здобила со повреда, но сè уште не е познато за што точно се работи.

 


Ана моментално живее во Мајами и е во долгогодишна врска со познатиот пејач Енрике Иглесијас, со кој има три деца – близнаците Луси и Николас и ќерката Мери.

Никогаш не успеа да освои ниту една титула во сингл конкуренцијата, но благодарение на атрактивниот изглед брзо стана една од најпознатите тенисерки во светот.

Нејзиниот најдобар пласман беше во 2000 година, кога беше на осма тенисерка во светот. Во парови, таа беше светски рекет број 1, и освои две титули на Австралија Опен со Мартина Хингис.

 

Поврзани содржини