ЕДЕН ЗАГИНАТ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ КРИВА ПАЛАНКА Автомобил излетал од патот и се превртел
Автомобил „фолксваген голф“ се превртел во близина на клучката на експресниот пат кај Крива Паланка, при што загина 80-годишен сопатник, соопшти кумановската полиција.
Сопатник од автомобил што попладнево излета на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка го загуби животот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Возилото излетало од патот и се превртело во близина на клучката на експресниот пат кај Крива Паланка.
Според информациите од СВР Куманово, несреќата се случила околу 14 часот.
– Денеска во 14 часот во Одделот за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на експресен пат Куманово-Крива Паланка се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од Б.С. излетало од патот. Во незгодата, осумдесетгодишниот сопатник Б.П. починал на лице место, додека со повреди се здобиле возачот и сопатникот М.П. – информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.