ТУЖБА ПРОТИВ ИЛОН МАСК ЗА НАВОДНИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕТО НА ТВИТЕР За што е обвинет милијардерот?
Адвокатот на милијардерот Илон Маск, Алекс Спиро, истакна дека следниот чекор на Американската Комисија за хартии од вредност (која го тужи Маск) е признавање дека „не може да поднесе вистинска тужба.“ Тој додаде дека Маск „нема направено никакви грешки“ и ја нарече тужбата „измама“ и резултат на „повеќегодишна кампања на вознемирување,“ кулминирајќи со „еднократно смешно обвинување“.
Американската Комисија за хартии од вредност (СЕК) синоќа поднесе тужба против Илон Маск бидејќи милијардерот во 2022 година извршил измама зашто не го декларирал сопствеништвото во Tвитер и купувал акции по „вештачки намалени цени.“
Маск, кој е исто така извршен директор на „Teсла“ и на „Спејс Екс“, плати 44 милијарди долари за социјалната мрежа што подоцна ја преименува во „Икс“. Според СЕК, пред преземањето, тој го окрупнил својот удел во кпманијата до 5% и бил обврзен да објави за тоа, но тоа не го направил.
Според тужбата, Маск ја прикрил таа материјална информација, „овозможувајќи му да плати за акциите најмалку 150 милиони долари помалку одошто ако ги купил по поднесувањето на извештајот за финансиска корист“.
СЕК истражува дали Маск или некој друг, што работел со него во 2022 година, извршил измама со хартии од вредност, додека, пак, извршниот директор на Teсла продавал акции од својата автомобилска компанија и го окрупнувал својот удел во Твитер пред неговата откупна зделка со заем.
Маск во објава на „Икс“ минатиот месец рече дека СЕК издала „побарување за порамнување“, вршејќи му притисок да се согласи со договор кој вклучува казна во рок од 48 часа или да се соочи со „обвинувања врз бројни основи“ во врска со купувањето на акциите.
Адвокатот на Маск, Алекс Спиро, во изјава истакна дека следниот чекор на СЕК е признавање дека „не може да поднесе вистинска тужба.“ Тој додаде дека Маск „нема направено никакви грешки“ и ја нарече тужбата „измама“ и резултат на „повеќегодишна кампања на вознемирување,“ кулминирајќи со „еднократно смешно обвинување.“