ДЕЦАТА ОДАТ НА УЧИЛИШТЕ СО ПЕЛЕНИ?! Во Велика Британија се трга на школо со 4 години, но нели е сепак премногу за памперси?

Станува збор за деца кои немаат никакви дополнителни потешкотии кои би ги спречиле нормално да одат во тоалет и самостојно да вршат нужда. Во Велс дури морале да донесат одлука родителите да дојдат на училиште за да го пресоблечат своето дете кога ќе му се случи „незгода“, а тие се лутат

341

Додека од една страна, многумина тврдат дека детето може да дава знаци на потреба за мокрење уште од првите денови (недели) од животот и затоа практично не користат пелени, други им ги оставаат пелените на своите деца многу подоцна отколку што сугерираат сите можни упатства.

Иако Ковид е одамна завршен, се чини дека пандемијата одигра важна улога и овде.






Имено, токму оттогаш, децата почнаа сè подоцна и подоцна да се одвикнуваат од пелените, а во Британија тоа стана доста голем проблем.

Имено, децата таму многу порано почнуваат на училиште, па повеќето од нив веќе се на училиште до четиригодишна возраст. Тоа е програма слична на нашата програма за предучилишна возраст, но е – училиште.

Би-Би-Си неодамна објави приказна за родители кои се побуниле против одлуката донесена во Велс со која се бара од нив да дојдат на училиште за да го пресоблечат детето кое имало „незгода“, или подобро кажано, да му сменат пелени.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини