НАЈСМРТОНОСНИТЕ БОЛЕСТИ КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ПРЕКУ ХРАНА СЗО ги посочи најопасните вируси и храната преку која се пренесуваат
Се проценува дека норовирусот предизвикува 125 милиони случаи на болести предизвикани од храна и 35.000 смртни случаи ширум светот секоја година.
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и Светската здравствена организација (СЗО) соработуваа на нов извештај кој ги рангира најчестите вирусни болести кои се пренесуваат преку храна.
Извештајот од Заедничкиот експертски состанок за проценка на микробиолошки ризик (JEMRA), објавен во декември 2024 година, покажа дека норовирусот е водечка причина за болести предизвикани од храна.
Според извештајот, тие дошле до овој заклучок откако спровеле „преглед на вируси за кои се знае дека се поврзани со болести кои се пренесуваат кај луѓето преку храната.
Фреквенцијата на болеста и клиничката сериозност, како и комбинациите вирус-храна, се рангирани во контекст на болести предизвикани од храна“, пишува Food&Wine.
Извештајот имал полуквантитативен пристап, што значи дека се земени предвид конкретни бројки како и „стручното знаење“ на авторите на извештајот.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.