МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПРОМЕНИ ВО ОПОЗИЦИЈАТА ОТКАКО ЌЕ ПРОПАДНАТ ИНТЕРПЕЛАЦИИТЕ Полни се со некредибилни луѓе, треба да извлечат поука

Очекувам напади од опозицијата, кои ќе се поларизираат, и очекувам дека ќе потикнат чувства на меѓуетничка нетолеранција, но тоа ќе биде јалово и ќе заврши како неуспешен обид, рече премиерот Христијан Мицкоски.

719

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека интерпелацијата против четворица членови на неговиот кабинет во Собранието во петок ќе биде неуспешна.

– Очекувам напади од страна на опозицијата, кои ќе се поларизираат, и очекувам дека ќе потикнат чувства на меѓуетничка нетолеранција, но тоа ќе биде јалово и ќе заврши како неуспешен обид. Очекувам несновани критики, кои немаат никаква врска со реалноста. Но, добро, таква ни е опозицијата во овој момент. Се надевам дека ќе извлечат поука, многу скоро програмски ќе се реконструираат и кадровски ќе се освежат. Потоа очекувам кадровски промени во опозицијата. Таму гледаме некредибилни луѓе, имаме меморија и знаеме што сè правеа во минатотото и во институциите – рече денеска премиерот Мицкоски, прашан за коментар во врска со претстојните интерпелации.






На пленарната седница во петок се закажан интерпелации за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и за пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Илире Даути.

Поврзани содржини