ПОЛИЦАЈЦИТЕ ИМ ПОДАРИЈА ЛАМПИОНИ НА ЛУЃЕТО ВО ОХРИД Гестот е во знак на пријателство и на добредојде за туристите
Во рамки на проектот, што стартуваше во 2008 година, полициските службеници на симболичен начин, на охриѓани и на гостите кои се во Охрид и кои ќе ги прославуваат новогодишните и божикните празници, им подарија новогодишни лампиони како знак за пријателство и добредојде, со желби за среќна и успешна Нова година.
Денеска, на 31 декември 2024 година, Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид и СВР Охрид, го реализираа превентивниот проект „Новогодишни лампиони за среќна Нова година“, соопштија од СВР Охрид.
Во рамки на проектот, што стартуваше во 2008 година, полициските службеници на симболичен начин, на охриѓани и на гостите кои се во Охрид и кои ќе ги прославуваат новогодишните и божикните празници, им подарија новогодишни лампиони како знак за пријателство и добредојде, со желби за среќна и успешна Нова година.
Притоа, полициските службеници ги потсетија возачите на моторни возила за потребата од внимателно управување на возилата, почитување на сообраќајните правила и прописи, некористење алкохол и мобилни телефони при управување со моторни возила со што, ќе дадат свој придонес за зголемена сообраќајна безбедност, стабилен јавен ред и мир и за поволна безбедносна состојба за време на Новогодишната ноќ.