БРОЈ ДО 10 АКО САКАШ ДА МОЖЕШ НА ПРСТИ ДА ИЗБРОИШ ДО 10 Предупредување на ортопедски хирург за опасностите од петардите

Доктор Александар Каревски, ортопедски хирург од Скопје, објави на својот профил на Фејсбук предупредување во врска со користењето на пиротехнички средства. Објави рентген снимка која е вистинска слика за опасностите од петардите

338

„Ако сакате да можете да броите до 10 на прсти, подалеку од петарди и останати пиротехнички алатки за славење. Инаку овие се среќните…“, пишува на својот профил на Фејсбук д-р Александар Каревски, ортопедски хирург во Општа градска болница – Скопје, 8-ми септември.

Своето предупредување го проследува со рентген снимки од шаки со страшни повреди од пиротехнички средства за кои напоменува дека им припаѓаат на оние посреќните, навестувајќи дека најчесто ова поминува со многу потешки последици.






Затоа, а ова се однесува и на децата и на родителите, на малите, младите и возрасните и сите кои употребуваат или ја дозволуваат употребата на пиротехнички средства за прославување на празниците, не дозволувајте употребата на петарди да ви ги уништи новогодишните празници и вашата иднина.

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини