БАЛЕ ВЕЛКОВСКИ ОД АГИНО СЕЛО ГО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТОТ Вели дека парите од добивката ќе ги потроши за убави работи

Секако, парите од добивката ќе ги потрошиме за убави работи, открива среќниот ВЛТ добитник Бале Велковски.

440

Бале Велковски од кумановското Агино село, стана милионер. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честиташе за добива и му посака среќа и во иднина.

„Тој е наш среќен добитник на МИЛИОНЕР џекпот добивката. Бале освои 1.472.425 денари“, велат од Касинос Австрија.






Од компанијата соопштија:

„Бале Велковски од кумановското Агино село, со среќа и возбудливи планови, ја заокружува 2024, која за него е дефинитивно среќна година. Тој стана милионер со освоени 1.472.425 денари. Сè уште под импресии на среќниот момент, ја сподели со нас, својата приказна. И тој како и многу среќни добитници, уште е под силни импресии, не можејќи да верува дека добивката е во негови раце. Ова е најголемата добивка која ја освоил, па многу брзо ќе направи план за трошење“.

– Секако, парите од добивката, ќе ги потрошиме за убави работи – открива среќниот ВЛТ добитник Бале Велковски.

Компанијата открива дека добивката МИЛИОНЕР џекпот вреден 1.472.425 денари е освоена на видеолотариските терминали кај соработникот Спорт Лаиф Трејд во Петровец.

„Во периодот од 02.12.2024 до 08.12.2024 постигнати се 512 ВЛТ добивки во вкупен износ од 15.831.619 денари. Во нив е и најпосакуваната, Супер милионер џекпот вреден 6.308.763 денари. Минатата недела дури 5 играчи се радуваа на МИЛИОНЕР џекпот, заедно делејќи 7.238.620 денари. Среќата им се насмевна и на играчите кои освоија Мини џекпот и заедно поделија 2.284.236 денари“, се вели во соопштението.

Видеолотарија Касинос Австрија ги откри своите планови за празниците.

„Со декември почнува најубавиот период во годината. Времето кога сите си замислуваме убави желби за нашите блиски, но и за нас самите. Видеолотарија Касинос Австрија и годинава одлучи да внесе волшебна убавина во ВЛТ игрите на среќа.  На задоволство на верните играчи на видеолотариските терминали, од 01.12.2024 активна е новата добивка ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ со фантастичниот автомобил кој сите го посакуваат- МЕРЦЕДЕС БЕНЗ Е 220 Д“, велат од компанијата.

Видеолотарија Касинос Австрија истакнува дека „со гордост споделуваме дека во текот на изминатите 10 години од нашето работење, кон играчите на видеолотариските игри на среќа, исплативме сензационални три милијарди денари. Компанијата работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање на игри на среќа, што ни овозможи лидерска позиција на полето на електронските игри на среќа“.

 

Поврзани содржини