ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИTE НЕ Е ПРАВНО, ТУКУ Е ПОЛИТИЧКО ПРАШАЊЕ ОД ВАЖНОСТ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ДРЖАВАТА Меџити го впери прстот во ДУИ дека донела нецелосно решение

Вицепремиерот Изет Меџити вели дека ДУИ сега се соочува со одговорност и затоа им треба магла и дестабилизација, но ДУИ нема право да зборува за ова прашање, затоа што донела нецелосни решенија, наместо да донесе закон за албанскиот јазик по сите теркови.

410

Јавноста дискутира за Законот за употреба на јазиците поради нецелосните решенија и досегашните политики кои ги водеше Демократската унија за интеграција (ДУИ), изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Тој, на настан во Тетово го коментираше предупредувањето од ДУИ дека секој обид за укинување на која било одредба тој закон не е само правен чин, туку е директен удар врз стабилноста и мирот.






– Сега се соочуваат со одговорност. И пред одговорноста им треба магла, им треба дестабилизација. Но, ако во државата некој нема право за ова прашање, тоа е ДУИ. Со нивните половични, нецелосни решенија дадоа можност некој денес да се занимава со ова прашање. Да беше ова прашање апсолвирано како што треба, да имаше закон за албанскиот јазик по сите теркови, денес немаше да биде тема на дискусија. Тема е заради половичните и нецелосните решенија токму на ДУИ – рече Меџити.

Уставниот суд следната недела на 11 декември ќе ја оценува уставноста  законитоста на Законот за употреба на јазиците. Според Меџити, ова е чувствително прашање и треба разумно да му се пристапи.

– Ја повикувам јавноста, сите значи, ова е чувствително прашање. Рамковниот договор е дел од уставниот поредок на Република Македонија. Сите кои посакуваат добро на државата, добро на меѓуетничките односи и на стабилноста, треба разумно да пристапиме кон овој договор. Нема да навлегувам во работата на Уставниот суд. Јас само повикувам дека ова не е правно прашање, туку и политичко прашање што ја тангира и стабилноста на државата – рече Меџити.

Поврзани содржини