ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈА УКИНА ВОЕНАТА СОСТОЈБА Народот слави на улица
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол изјави дека ќе ја укине наредбата за вонредна состојба по парламентарното гласање што го блокираше.
„Ја прифатив одлуката на Националното собрание за укинување и повлекување на вонредната состојба“, рече тој во телевизиското обраќање до нацијата.
Веднаш откако јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол објави дека ќе ја укине вонредната состојба, луѓето пред Националното собрание почнаа да слават, пренесува АФП.
Јун претходно денеска воведе воена состојба, што го налути парламентот, вклучително и членовите на неговата партија.
Пратениците потоа се упатија кон зградата на парламентот за да гласаат против мерката, по што го повикаа претседателот официјално да ја отповика.
Политичка партија на Јун го повика да се откаже од напорите за воведување воена состојба во Јужна Кореја.
Постигнат е консензус против напорите за време на состанокот на Партијата на народната моќ, откако пратениците во Националното собрание гласаа за блокирање на потегот.
Партијата го повика Јун „да ја прифати резолуцијата на Националното собрание против воената состојба и навремено да ја укине“.