УТРОТО ДО – 5 Денот ќе биде сончев и до 19 степени

135

Утрото ќе биде студено со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.






Во Скопје денеска утрото ќе биде студено со услови за појава на слаба магла, а преку денот ќе биде сончево со мала облачност и тивко.

Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 17 степени.

 

Продолжува периодот на сончево време со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат студени со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени.

По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот.

Поврзани содржини