БУГАРИТЕ ИЗБИРААТ НОВА ВЛАДА Седми по ред парламентарни избори во последните 4 години

Изборниот ден почна во 7 часот, а завршува во 20 часот, и може да се продолжи до 21 часот ако пред избирачкото место има гласачи кои не гласале. Гласањето во странство започнува во 7 часот и завршува во 20 часот, односно 21 часот по локално време.

157

Граѓаните на Бугарија денеска избираат 240 пратеници во 51. Народно собрание. Ова се шести предвремени парламентарни избори по редовните на 4 април 2021 година. Последните предвремени избори се одржаа на 9 јуни годинава.

Изборниот ден почна во 7 часот, а завршува во 20 часот, и може да се продолжи до 21 часот ако пред избирачкото место има гласачи кои не гласале. Гласањето во странство започнува во 7 часот и завршува во 20 часот, односно 21 часот по локално време.






На изборите за Национално собрание учествуваат 19 партии, 9 коалиции и еден независен кандидат.

Бугарскиот претседател Румен Радев и даде мандат на Бугарската централнодесничарска партија ГЕРБ да формира влада по последните избори во јуни, на кои партијата освои најмногу гласови и обезбеди 68 места во 240-члениот парламент.

ГЕРБ, сепак, не успеа да формира мнозинска коалиција.

Мандатот потоа им беше понуден на другите партии, но и тие не успеаја да направат мнозинска коалиција, поради што беа организирани нови избори.

Според податоците на „Алфа Рисрч“, се очекува излезноста да биде меѓу 30 и 32 отсто.

Поврзани содржини