3.900 ЕВРА ЌЕ ПЛАТИ ФИРМА ПОРАДИ НЕБАЖДАРЕН ТАХОГРАФ Полицијата го запре автобусот на наплатната кај Кадрифаково

Возачот на автобусот во моментот на контролата не поседувал потврда за проверка на тахографот.

764

Екипа на Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции вчера  околу 13.00 часот на наплатната рампа Кадрифаково, запре и изврши контрола на автобус марка „Ивеко” со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а управувано од М.З.(42) од Свети Николе.

Притоа, во рамки на контролата било утврдено дека тахографот не бил баждарен, односно возачот не поседувал потврда за проверка.






За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрекол глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице.

Поврзани содржини