МАГЛИВО И ОБЛАЧНО УТРО, СОНЧЕВО ПОПЛАДНЕ Следуваат топли денови, ќе загрее до 29 степени
Преку денот времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Денеска наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Преку денот времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се искачи до 29 степени, најтопло ќе биде во Демир Капија и во Гевгелија.
Во Скопје денеска наутро ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 26 степени.
УХМР најавува период на стабилно и релативно топло време за овој дел од годината, со сончеви периоди во текот на деновите. Во петок ќе има зголемена облачност и услови за повремен локален дожд, со појава на ретки грмежи, а во сабота ќе дува засилен до силен претежно северозападен ветер.