ГЕРМАНСКА КОМПАНИЈА ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА ЛИТИУМСКИ БАТЕРИИ ВО МАКЕДОНИЈА Инвестицијата ќе изнесува 65 милиони евра
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека инвестицијата утре ќе биде претставена на јавноста.
Новаа германска инвестиција за производство на литиумски батерии, во вредност од 65 милиони евра и 700 нови вработувања, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
– Веќе утре, после напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци, коишто се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија – рече Мицкоски.
Според него, инвестицијата е меѓу 60 и 65 милиони евра, некаде околу 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии.
– Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува бруто домашниот производ. така што еве да почекаме до утре па македонската јавност ќе биде сведок утре – рече Мицкоски.