📷 „ВЛАСТА СВОИТЕ СКАНДАЛИ ГИ ПРИКРИВА ОБВИНУВАЈЌИ ДРУГИ“ Костадиновска Стојчевска го демантира Лефков со извод од нејзината лична сметка

„Морам да кажам дека имав дојава уште пред неколку дена дека подготвуваат вакво нешто и дека народски кажано од петни жили се обидуваат да скројат некакво сценарио за мое оцрнување, за како што го нарече колегата пратеник, аздисување. И токму затоа јас пред неколку дена извадив извод од моите две лични сметки односно од дебитната и кредитната картичка, каде што може да се види со која картичка се направени плаќања за кои што тие обвинуваат“, вели поранешната министерка.

581

Поранешната министерка Бисера Костадниовска Стојчевска ги отфрла обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ и вели дека се работи за груба манипулација и низок удар од власта. Тврди дека не купувала од службената картичка, за што имала извод од личните сметки и ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека се обидуваат да ја дефокусираат јавноста.

– Се работи за една многу голема лага, се работи за кујната на ВМРО-ДПМНЕ, се разбира и за она што се случува во нивната бела палата. Но, морам да кажам дека имав дојава уште пред неколку дена дека подготвуваат вакво нешто и дека народски кажано од петни жили се обидуваат да скројат некакво сценарио за мое оцрнување, за како што го нарече колегата пратеник аздисување. И токму затоа јас пред неколку дена извадив извод од моите две лични сметки, односно од дебитната и од кредитната картичка, каде што може да се види со која картичка се направени плаќања за кои што тие обвинуваат. За оние трошоци за кои и самиот пратеник кажа дека нешто имаат, нешто немаат, немаат значи документација, не знам каде ги нашле тие продавници, но можат слободно да се јават кај вршителот на должност кој беше во период кога јас бев на тоа службено патување во Лондон и да прашаат за агендата која ја имавме и дали имав јас слободно време да шетам по продавници и да правам шопинг – одговори Костадиновска Стојчевска.






Стојчевска беше министерка за култура од СДСМ во периодот од 2022-2024 година. Ова не е прв пат партиите кога ќе дојдат на власт да обелоденуваат и обвинуваат како ненаменски се трошеле народни пари, за скапи ручеци, подароци и предмети за лични потреби од страна на функционери.

СИ КУПУВАЛА, ЧОРАПИ, ХУЛАХОПКИ, МЕЧИЊА, КУФЕРИ Лефков го откри серијалот „Бисера Антоанета“ за поранешната министерка за култура

Поврзани содржини