🎥 ЕВЕ КАКО ЛЕТНАЛ АВТОМОБИЛОТ ОД МОСТОТ ВО ВАРДАР Се појави снимка од „каскадерскиот скок“

Авомобилот е на скоро 50 метри од местото каде удрил во оградата.

8,361

Снимка од безбедносните камери покажува како се случила страотната несреќа утринава во центарот на Скопје, каде возило „Киа“ ја проби оградата на мостот кај МАНУ и излета во Вардар.

Утрово екипа на ЈП „Улици и патишта” Скопје, интервенираше на санација на заштитната ограда на „Мостот на Револуцијата” во близина на Веро Џамбо.






„Одбојната ограда на мостот е времено санирана со цел одржување на безбедноста на пешаците и возилата кои движат во овој дел од градот. Оштетувањето на заштитната ограда од мостот беше предизвикано од возило кое утрово излета во водите на река Вардар. По налог на Град Скопје и во корелација со МВР, штетата на оградата навремено е санирана, ЈП Улици и патишта апелира за внимателност во движењето на учесниците во сообраќајот“, велат од ЈП Улици и Патишта.

Авомобилот е на скоро 50 метри од местото каде удрил во оградата.

„На 24.08.2024 во 07.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека патничко моторно возило киа со скопски регистарски таблички, управувано од В.К. (32), ја пробило заштитната ограда на мостот Мајка Тереза и паднало во реката Вардар. В.К. е пренесн во ГОБ 8-ми Септември за укажување на помош“, велат од МВР.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by . (@twittermk)

Поврзани содржини