ИМА ШАНСИ ДА СЕ БОРИ ЗА БРОНЗА Теквондистката Релиќ не се пласираше во полуфиналето

347

Теквондистката Милјана Рељиќ не успеа да се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во Париз откако изгуби од Либанката Летиција Аун со 0:2 во рунди.

Македонската олимпијка во четвртфиналната борба на теквондо турнирот на Олимписките игри во Париз од Либанката Летисија Ајун со 2-0 во рунди.






Рељиќ загуби во две неизвесни рудни со 9-8 во првата, а во втората беше 6-6, но бидејќи Либанката имаше удар во главата ја доби оваа борба.

Шансите за медал се уште не се загубени, бидејќи доколку Ајун победи во полуфиналето, нашата Рељиќ ќе има шанса преку репасажот да стигне до бронзениот медал.

Нашата натпреваурвачка приреди огромна сензација во првото коло на турнирот елиминирајќи ја двократната олимписка шампионка Џејд Џоунс од Велика Британија. Таа во категоријата до 57 килограми ја совлада третата фаворитка со 2-1 во рунди.

Поврзани содржини