УШТЕ НАЈМАЛКУ 10 ДЕНА АФРИКАНСКА ЖЕГА Температури до 40 степени, викендов може да загрми и да заврне

На 3 и на 4 август, кога во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално краткотрајно невреме.

469

Во следните најмалку 10 дена продолжува топлотниот aфрикански бран во Македонија, со многу високи температури на воздухот, предвидува метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, со појава на мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде викендов, на 3 и на 4 август, кога во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално краткотрајно невреме.






Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина, температурите ќе се искачуваат до околу 40 степени.

УВ-индексот и понатаму ќе има многу висока вредност и ќе изнесува некаде помеѓу 8 и 9.

 

Поврзани содржини