ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО БИЛДБОРД Објавени детали за сообраќајката во Автокоманда, двајца тешко повредени
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“, 42-годишниот Б.Т. од Скопје, управувајќи патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во рекламен билборд, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Т. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје и неговата сопатничка Л.Т.(72) од Скопје констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.