„ЌЕ РАБОТАМ НЕУМОРНО ЗА БЕЗБЕДНА И ПРОСПЕРИТЕТНА МАКЕДОНИЈА“ Тошковски со голема чест ја прифаќа функцијата

„Ветувам дека ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија“, напиша Тошковски.

1,003

Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата функција во новата Влада.

„Вечерва по предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за внатрешни работи во новата Влада. Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, која за мене претставува голема одговорност и обврска кон сите вас“, напиша Тошковски.






Тој вети дека ќе работи за доброто на земјата

„Ветувам дека ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија“, напиша Тошковски.

Поврзани содржини