На официјалниот евровизиски канал на Јутјуб, објавени се најгледаните 20 евровизиски видеа во месец мај.
Најгледан е настапот на победничката песна годинава, што ја претставуваше Швајцарија – „Код“ (Code) од Немо.
Следуваат настапите на Хрватска, Холандија, Франција, Украина. Шесто најгледано видео на официјалниот евровизиски канал е спотот за песната што ја претставуваше Холандија годинава на „Евровизија“.
Седмо, осмо и деветто најгледано видео се настапите на Ирска, Финска и на Грција.
Десетто најгледано видео е спотот за песната „Код“.