📽 КОЊ НА БРИТАНСКАТА КРАЛСКА ГАРДА ГРИЗНА ТУРИСТКА Коњаникот не се помрдна, така му е речено!

На видео кое стана вирално на интернет, жената ја става раката на вратот на коњот додека се смешка пред камерата на Парадата на Британската коњаница во Вестминстер, централен Лондон. Но, на коњот не му се допаѓа тоа, па бргу се врти, ја гризнува и ја оттурнува, удирајќи ја во градниот кош. Таа се сопнува наназад од шок пред речиси да падне.

496

Коњ на Британската кралска гарда гризна и турна туристка откако таа го допре додека се фотографираше, објави Гардијан.

На видео кое стана вирално на интернет, жената ја става раката на вратот на коњот додека се смешка пред камерата на Парадата на Британската коњаница во Вестминстер, централен Лондон. Но, на коњот не му се допаѓа тоа, па бргу се врти, ја гризнува и ја оттурнува, удирајќи ја во градниот кош. Таа се сопнува наназад од шок пред речиси да падне.






Човекот кој фотографира потоа ја утеши жената, па двојката си замина додека толпата други посетители гледаа.

Војникот на коњаницата остана неподвижен и безизразен за време на инцидентот, согласно протоколот.

Жената, која не е именувана, го допре коњот и покрај знакот во близина кој ги предупредува посетителите да не го прават тоа со порака: „Пазете се! Коњите може да клоцаат или да гризат“.

 

 

Поврзани содржини