📽️ ЅВЕЗДАТА НА НЕТФЛИКС СЕ ОМРСИ СО БУРЕК Инфлуенсерката остана без зборови
О, Боже мој. Ова е толку добро. Најјако е ова, па бурек со месо, па со сирење. Ако си во Хрватска, оди во пекара. Вреди за сите калории, вели Џули.
Ѕвездата на Нетфликс, Џули Теис, која е позната по реалното шоу „The Trust: A Game of Greed“ одлучи да се пресели од Америка во Хрватска. Сега живее во Дубровник, каде имала можност да проба популарни колачи, а не крие колку е ентузијастичка за храната. Првото нешто што го пробала е штрудлата со јаболка.
Тогаш решила да ги послуша сите оние кои и препорачале да проба бурек. Купила и кроасан и чоколадна торта, но најмногу била воодушевена од бурекот.
– О, Боже мој. Ова е толку добро. Најјако е ова, па бурек со месо, па со сирење. Ако си во Хрватска, оди во пекара. Вреди за сите калории- вели Џули.
Видеото брзо го коментираа соседите кои напишаа дека бурекот треба да се јаде со јогурт, а дека тој бурек со сирење не постои.
„Упс! Следува лавина коментари дека бурекот е само со месо. На Балканот не смеете да кажете дека е со сирење“, „Пробајте ја и кромпирушата! Супер е“, „Па кој не би можел да јаде бурек“ , се вели во коментарите.
Џули еднаш раскажа како решила да се пресели во Хрватска.
„Ќе мислите дека сум целосно без памет кога ќе ви кажам како се преселив во Хрватска. Планот беше да се преселам во Лос Анџелес. Го продадов станот, целиот мебел, купив нов автомобил за да возам до Лос Анџелес, и одеднаш, решив да медитирам и ми беше јасно дека не одам во Лос Анџелес.
Таа откри што ѝ пречи во Хрватска:
„Ја сакам Хрватска, но ајде луѓе, мора да престанете да пушите. Косата ми мириса на пепелник, да не зборувам за облеката. Во Америка не е дозволено пушење дури ни на јавни места бидејќи пушењето е лошо за другите луѓе околу тебе“, се пожали таа.
Погледнете ја нејзината реакцијата додека таа пробува бурек:
View this post on Instagram