САЛОТО Е РИЗНИЦА НА ВИТАМИН Д, А ИМА И ДРУГИ ПРЕДНОСТИ Враќањето на старомодните начини на готвење не е само помодарство

Свинската маст содржи холестерол, но таканаречениот добар (HDL) холестерол. Има и висока содржина на витамини Д, Б и бројни минерали. Поточно, по содржина на витамин Д, свинската маст се става веднаш по рибиното масло. Иако свинската маст е богата со холестерол, нејзината консумација го регулира самопроизводството на холестерол во организмот.

591

Свинската маст била основа на исхраната на нашите претци. Новото време, сепак, ѝ го

донесе епитетот на нездрава: прогласена е за главна причина за кардиоваскуларни и срцеви






проблеми, висок крвен притисок, ризик од дебелеење и други компликации. И тогаш

работите повторно се сменија. Што е она што најблиску до вистината?

 

Свинска маст: нутритивен пат и штетност – од врвот до дното и назад

Оваа храна помина низ она што би можеле да го опишеме како пат од „врвот до дното“ и

обратно.

Прво, со појавата на растителните масла и индустријализацијата, ја заработи етикетата на

ризично, нездраво, па дури и опасно, а потоа – пресврт. Со трендовите на поздрава исхрана

до нас стигнуваат сѐ повеќе истражувања кои за прв пат ја покажаа разликата помеѓу

лошите и добрите масти кои ги внесуваме во организмот.

Благодарение на нив, се покажа дека всушност практикувањето на старомодните методи на

термичка обработка на храната може да го намали ризикот од срцеви и малигни заболувања.

Британските истражувачи се чини дека најмногу се занимавале со оваа тема.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини