СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Сина ајкула долга повеќе од 3 метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, кој ја улови ајкулата рече дека ќе биде препарирана и изложена во Природонаучниот музеј на Црна Гора. Изложбата е планирана за септември.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.