🎥 ЕВЕ КАКО ЗВУЧИ „РИМ ТИМ ТАГИ ДИМ“ КОГА ЌЕ Ѝ СЕ СИМНЕ ЕВРОВИЗИСКОТО РУВО Хрватска пејачка го отпеа како балада хитот на Бејби Лазања
Од секогаш музичките продуценти, композитори и изведувачи од разни земји ја следеле евровизиската мода и се обидувале да направат „евровизиска песна“, во надеж за што подобар пласман на Евросонг.
Така е направена и песната на хрватскиот претставник Бејби Лазања односно Марко Пуришиќ.
Но, хрватската пејачка Јелена Жнидариќ на својот Инстаграм профил објави видео од изведбата на песната „Рим Тим Таги Дим“, но во малку поинаква верзија, како балада.
Така Јелена, всушност, ја открива прекрасната мелодиска линија на оваа песна, „соблекувајќи“ го нејзиното евровизиско руво.
Еве, уверете се сами:
View this post on Instagram