ВМРО-ДПМНЕ ОЧЕКУВА ПОБЕДА ВО ВТОРИОТ КРУГ И 61 ПРАТЕНИК Николоски ѝ порача на ДУИ дека не е паметно да бојкотира

Според Николоски, не е паметно ДУИ да повикува на бојкот во вториот изборен круг.

586

Гордана Силјановска-Давкова има 140.000 гласови разлика, рече вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

– Очекувам на крајот кога ќе се соберат гласовите на сите други кандидати, плус неважечките ливчиња, да бидат помалку од гласовите на Силјановска – рече Николоски на ТВ Сител.






Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во вториот круг на уште поголема победа за Силјановска и на победа на парламентарните избори.

– Очекувам над 61 пратеник за стабилна влада која нема да биде уценувана. Ова денес беше силна порака од македонските граѓани, кои сакаат да бираат претседател, а не Али Ахмети – рече тој.

Според него, не е паметно ДУИ да повикува на бојкот во вториот изборен круг.

Поврзани содржини