БЕСПЛАТНО ШИШЕ ВИНО ЗА ГОСТИТЕ КОИ ЌЕ ИСПОЛНАТ ЕДЕН УСЛОВ Ресторан во Италија со несекојдневна понуда

Италијански ресторан им нуди бесплатно шише вино на гостите кои се откажуваат од мобилните телефони за време на оброкот.

561

Целта на Анџела Лела, сопственичка на неодамна отворениот ресторан „Ал Кондоминио“ во Верона, е да ги поттикне гостите да разговараат за време на оброкот наместо постојано да гледаат во нивните телефони, објави „Гардијан“.
Таа вели дека сакала да отвори ресторан кој се разликува од другите.

„Технологијата станува проблем – нема потреба да гледате во телефонот на секои пет секунди, но за многумина тоа е како дрога… На овој начин имаат можност да го остават телефонот на страна и да испијат добро вино“, рекла Лела.






Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Поврзани содржини