🎥 БАЈДЕН Ѝ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ДРЖАВА КОЈА НЕ ПОСТОИ 32 ГОДИНИ Џо се поправи, па направи уште еден гаф!
Американскиот претседател, Џо Бајден, направи гаф за време на разговор со чешкиот премиер, Петр Фијал, во Овалната соба. Toj веднаш се поправи, но направи уште една грешка бидејќи земјата од 2016 година се нарекува само „Чешка“ и Прага инсистира на тој назив.
Американскиот претседател, Џо Бајден, синоќа ѝ се заблагодари на „Чехословачка“ за поддршката што ѝ ја дава на Украина во борбата против Русија, објави австралискиот Скај њус. Името Чехословачка не постои веќе 32 години, откако земјата се одвои на Чешка и на Словачка. Но, Бајден во истата реченица направи уште еден гаф, рече Република Чешка, наместо само Чешка што е новото име на државата од 2016 година па наваму.
Тој на чешкиот премиер, Петр Фијал, во Овалната соба во Белата куќа му рече:
– Не можам да ви кажам колку ја цениме вашата искреност и поддршката на народот на Чехословачка – Република Чешка, во одбраната на народот на Украина.
Новиот гаф доаѓа кога анкетите редовно покажуваат широка двопартиска загриженост кај гласачите за менталната подготвеност на Бајден за втор четиригодишен мандат.
Анкетата на Њујорк тајмс, објавена минатиот месец, покажа дека 73% од регистрираните гласачи веруваат дека Бајден е премногу стар за да биде претседател, додека, пак, само 42% го кажале истото за поранешниот претседател Доналд Трамп (77) кој бара реванш против Бајден во ноември.
Бајден е веќе најстариот американски претседател досега и би имал 86 години доколку го заврши целиот втор мандат.