🎥 НАПАДНАТА ЗГРАДА НА РУСКА РЕГИОНАЛНА ВЛАДА Фрлени се молотови, запалена е колата на руска раководителка

Руските канали на социјалната платформа Телеграм објавиле снимка од инцидентот снимена од надзорните камери.

689

Во рускиот град Владимир, непознато лице фрлило молотов коктел врз зградата на регионалната влада, а друго шише кон автомобил паркиран во близина, пренесува српски Мондо.

Руските канали на социјалната платформа Телеграм објавиле снимка од инцидентот снимена од надзорните камери. Инцидентот не предизвикал сериозна штета, а напаѓачот бил приведен од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).






– Напаѓачот е приведен. Органите за спроведување на законот ги истражуваат околностите на инцидентот – се вели во соопштението на руските власти.

Според официјалните извештаи, врз зградата на Владата биле фрлени најмалку 2 молотови коктела, а според очевидци, во интервал од 30 до 40 секунди се слушнале 3 до 4 експлозии. Првиот молотов коктел удрил во прозорецот на зградата, но не го скршил, туку се одбил и паднал наземи.

Напаѓачот фрлил втор молотов коктел врз автомобил, паркиран пред зградата, кој се запалил. Локалните медиуми јавуваат дека возилото ѝ припаѓало на раководителката на Одделот за спречување корупција, Ина Дирова.

Поврзани содржини