СТРУЈАТА ВО ВТОРОТО ПОЛУГОДИЕ ЛАНИ ПОСКАПЕЛА ЗА 8,2% Просечно чинела 7,28 денари по киловат

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51,25 денари за nm3.

100

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава во второто полугодие лани  изнесувала 7,28 денари по KWh, што претставува пораст од 8,2 % во споредба со првото полугодие, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6,75 до 12,39 денари по KWh по групи на потрошувачи.






Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36,8 до 48,3 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51,25 денари за nm3.

Поврзани содржини