„ВЕЛЕШЕ ДЕКА Е ПРЕДАВНИК И ПЛАТЕН УБИЕЦ“ Тачи во коалиција со Ахмети за претстојните избори

На одлуката на Мендух Тачи да влезе во коалиција со Али Ахмети реагираше поранешниот кинистер за финансии Џевдет Хајредини, кој во објавата на Фејсбук потсети каков бил односот меѓу двајцата лидери на албанските партии.

798

Централното собрание на Демократска партија на Албанците (ДПА) синоќа го одобри предлогот на претседателот Мендух Тачи за учество во коалицијата Европски фронт предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Партскиот лидер оваа можност ја најави  ден претходно во гостувањето на една од националните телевизии.

„Се одржа Централното собрание на ДПА на кое едногласно беше одобрен предлогот на претседателот Мендух Тачи, на претседателските избори на 24 април и на парламентарните избори на 8 мај, дека ДПА треба да влезе во коалицијата со Европскиот фронт“ – информираа од одделот за информирање во ДПА.






Според информацијата од ДПА, потпишувањето на коалицискиот договор ќе се случи во понеделник во Тетово. Договорот ќе го потпишат партиските лидери Мендух Тачи и Али Ахмети.

На одлуката на Мендух Тачи да влезе во коалиција со Али Ахмети реагираше поранешниот кинистер за финансии Џевдет Хајредини, кој во објавата на Фејсбук потсети каков бил односот меѓу двајцата лидери на албанските партии.

– Тачи во коалиција со Али Ахмети, за кого велеше дека е предавник и изнајмен убиец, додека ДУИ е конгломерат на сите антиалбански интереси – напиша Хајредини на Фејсбук.

 

Поврзани содржини