ПРАВЕЛЕ ЛАЖНИ ПОРНО ВИДЕА СО ЛИКОТ НА МЕЛОНИ Италијанската премиерка бара 100.000 евра отштета од татко и син
Фотографиите биле закачени на веб страница за порно во САД во 2020 година кога Мелони уште не била премиерка, туку претседателка на партијата „Италијански браќа“.
Татко и син поставиле лажни порно видеа со италијанската премиерка Џорџа Мелони во 2020 година. Видеата биле прикачени на порно вебсајт во САД. Сега Мелони им бара 100.000 евра отштета, а ќе сведочи против нив на 2 јули за слчајот кој таа го покрена против нив, пишува Би-Би-Си.
Станува збор за 40-годишен маж и неговиот 73-годишен татко. На видеата за монтажа е искористена фотографија од нејзиното лице.
Во времето кога биле прикачени видеата Мелони сè уште не беше премиерка, туку претседателка на партијата „Италијански браќа“.
Адвокатката на Мелони, Марија Џулија Маронџу, изјави дека премиерката ќе ја донира сумата од отштетата на Министерството за внатрешни работи за жени жртви на семејно насилство
Адвокатката рече и дека каква и да е отштетата ќе биде „симболична“. Таа изрази надеж дека одлуката на Мелони да поднесе тужба испраќа порака до жените кои се жртви на такво злоставување да не се плашат да поднесуваат жалби.
Најново истражување покажа дека илјадници познати личности во светот биле жртви на дипфејкт порнографија, пишува британски Гардијан.
Анализата на британскиот Канал 4 на петте најпосетувани дипфејк веб-страници покажа дека на списокот има речиси 4.000 познати личности, од кои 255 се Британци.