ШТО ЗНАЕМЕ ЗА МАКЕДОНСКАТА ШПИОНСКА КОМПАНИЈА „ЦИТРОК“? Софтверот Предатор ги користи камерата и микрофонот на мобилните телефони

Во случајот со македонската „Цитрок“ нејзините врски со истоимените фирми од Израел и од Унгарија и со конзорциумот „Интелекса“ укажуваат на сложени сопственички односи. Биле користени сметководствени техники слични на оние коишто ги користат  трговците со оружје, перачите на пари, клептократите и корумпираните службеници.

1,297

Македонската компанија „Цитрок АД“(Cytrox) која беше санкционирана од САД поради сомнение за користење шпионски софтвер се „прослави“ во извештај на Мета во соработка со „CitizenLab“ во кој беше разоткриена нејзината дејност. Сега Македонија не му е баш омилена на Марк Закерберг, а софтверот „Предатор“ со кој биле шпионирани корисници е застрашувачки, пишува ИТ.мк.

Притоа, Предатор е новото име за израелскиот софтвер кој беше познат како Пегаз. Преку Пегаз компании низ светот вртеле милијарди долари правејќи приватен надзор на илјадници профили на социјалните мрежи, а под општата дека софтверот е наменет за следење терористички напади. Испаѓа дека НСО Груп, основачите на Пегаз не се единствена фирма која дебело заработувала.






Зошто е Предатор застрашувачки софтвер? Тој ги користи кемарата и микрофонот, а работи во тандем со Пегаз. Кога Предатор беше првпат откриен во јули на Ајфонот на египетскиот опозиционер Ајман Нур тој забележал дека телефонот загрева, а од лажен профил по име др. Раниа Шхаб на ВатсАп му биле испратени неколку слики со URL до youtu-**.net и уште неколку домени кои се копии на различни страници.

Ако кликнете на линковите се инсталира Предатор-от.

Во случајот со македонската „Цитрок“ нејзините врски со истоимените фирми од Израел и од Унгарија и со „Интелекса“ укажуваат на сложени сопственички односи. Биле користени сметководствени техники слични на оние коишто ги користат  трговците со оружје, перачите на пари, клептократите и корумпираните службеници.

Што се однесува до извештајот на Мета во кој минатата недела беше спомната „Цитрок“, тој укажува дека се отстранети 1.500 профили поврзани со 7 различни компании кои таргетирале дел од корисниците. Групите ги користеле друштвените мрежи за социјален инженеринг, испраќање на малициозни линкови и следење на илјадници жртви во над 100 држави. Во извештајот Мета вели дека се сомнева дека над 50.000 луѓе се цел на следење на овие 7 групи.

Пишува и дека се отстранети 300 профили на Инстаграм и на Фејсбук кои се користени за измама и наведување на цели во 10 држави: Египет, Ерменија, Грција, Саудиска Арабија, Оман, Колумбија, Брегот Слонова Коска, Виетнам, Филипините и Германија.

Основач на „Цитрок“ според oбјавата на Citizen Lab е Иво Малинковски. Во 2019 година компанијата станува дел од „Интелекса“ на мултимилионерот Тал Дилиан за нешто помалку од 5 милиони долари.

Дилиан во  интервју за „Форбс“, во кое го претставува својот продукт – комбе за набљудување вредно 9 милиони долари преку кое според него може да се хакира било кој телефон, посочува дека ја спасил македонската компанија која произведувала spyware за Android од пропаст.

Првично со седиште во Кипар, неодамнешниот извештај на „Citizen Lab“покажува дека „Интелекса“ сега работи од Грција, која исто така е наведена како локација на LinkedIn на нејзиниот основач, Дилиан. Според Американското Министерство за финансии „Интелекса“ во Грција ја водел поранешен израелски воен офицер, а од Грција биле таргетирани американски владини претставници, новинари и експерти за политика.

Описот на работата на НСО Груп, која го основаше Пегаз е сличен со описот на работата на „Цитрок“ на Pitchbook – „сајбер-безбедност за владите“.

Неколку огласи за Python програмер и за QA тестер на  Dekra.mk  фрлаат сомнеж дека компнијата „Цитрок“ е уште активна во Македонија, бидејќи описот одговара на профилот на компанијата. Сајтот на Вордпрес на компанијата е недостапен откако лани беше жртва на хакерски напад.

ШПИОНСКА КОМПАНИЈА ОД ГРЦИЈА ИМАЛА СОРАБОТНИК ВО МАКЕДОНИЈА Цел биле американски новинари и владини претставници

 

 

 

 

 

Поврзани содржини