ПРВОТО „ДЕТЕ НА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА“ Девојчето Тонг Тонг е ВИ со способности на четиригодишник

Тонг Тонг може сама да учи, да си задава задачи, да ги толкува човечките намери и да покажува емоции како што се радост, лутина и тага.

1,102

Девојчето Тонг Тонг кое беше претставено на изложбата „Границите на општа вештачка интелигенција“ во Пекинг на крајот на јануари е првото ВИ-дете во светот. Тоа е виртуелен ентитет на вештачка интелигенција со способности слични на оние на три до четиригодишно дете, објави Саут Чајна Морнинг Пост.

Тонг Тонг може сама да учи, да си задава задачи, да ги толкува човечките намери и да покажува емоции како што се радост, лутина и тага.






„Тонг Тонг поседува ум и се обидува да ги разбере луѓето. Таа го разликува доброто од злото, ги искажува своите ставови во различни ситуации и има моќ да ја обликува иднината“, се наведува во видеото кое ја претставува во јавноста.

Тонг Тонг била развиенa од Пекингскиот институт за општа вештачка интелигенција (БИГАИ) под водство на познатиот компјутерски научник, стручњак за применета математика и за когнитивна вештачка интелигенција Жу Сонгчун.

Посетителите на изложбата наводно ја гледале Тонг Тонг како ја прилагодува рамката за слика, го чисти истуреното млеко и извршува други задачи.

„Овој тест со Тонг има за цел да осигура дека вештачката интелигенција може беспрекорно да се интегрира во човечкото опкружување. Овој иновативен пристап означува нов правец во тестирањето на вештачката интелигенција, истакнувајќи ги практичните можности и вредности за развој на вештачка интелигенција од корист на општеството“, објаснуваат научниците.

Се очекува Тонг Тонг да коегзистира со луѓето во иднина.

Поврзани содржини