И МАТИЧНИ ЛЕКАРИ ОДВРАЌААТ ПАЦИЕНТИ ОД ВАКЦИНА Даниловски најголема вина наоѓа во родителите
Според епидемиологот, иако календарски сме во 21. век, со паметот сме некаде во 18. век поради што се враќаат болести, како големата кашлица, за кои постојат вакцини.
Епидемиологот Драган Даниловски оцени дека отпорот на родителите кон вакцинацијата доаѓа од неукост, неинформираност.
– Кога ќе се всади еден страв, конкретно за вакцината против морбили, тоа некако се прошири и на сите други вакцини. Едноставно, луѓето не веруваат дека и другите вакцини се добри. На сето тоа се додава и хроничната недоверба на народот во системот, во институциите, едноставно не веруваат дека државата навистина се грижи за здравјето на граѓаните – рече професорот.
Даниловски вината за ова ја гледа и во докторите од примарното здравство.
– Дел од матичните лекари не само што индолентно се однесуваат и функцинораат на ниво на ‘желботека’, дури и активно ги одвраќаат граѓаните од вакцинирање – вели тој.
Според него, иако календарски сме во 21. век, со паметот сме некаде во 18. век поради што се враќаат болести, како големата кашлица, за кои постојат вакцини.
– Последните 30 години ние произведуваме лоши генерации, неуки, игнорантни, генерации кои како што стасуваат стануваат родители и треба да ги воспитуваат своите деца и да им всадат квалитени вредности. Се случува триесетина година да имаме нефункционална клетка во општеството, а тоа е семејството. Школството ни е на ниски гранки, учениците не се учат да бидат егоисти и да го почитуваат јавниот интерес. Се изгуби чувството за заедништво. Во меѓувреме се создаде плодна почва за теории на заговор и тоа да не може да се искорени – вели професор Даниловски.